Overview
Референца на интеграцискиот API (v1)
Дел со наслов „Референца на интеграцискиот API (v1)“Оваа референца ги опишува сите повици на интеграцискиот API — по еден за секоја операција, со готова команда за копирање и со пример на одговорот.
Ако ова ти е прв допир со API-то, не почнувај тука. Quick Start води од нула до испратен документ во пет чекора; оваа страница е она што се отвора потоа, кога веќе знаеш што бараш.
Повиците се групирани во четири области, во менито лево:
| Област | Што опфаќа |
|---|---|
| Ping | една проверка — дали врската и клучот важат |
| Outbound | сè што се случува со документ што ти го праќаш: праќање, состојба, историја, преземање, сторнирање |
| Inbound | документи што пристигнуваат кај тебе, и потврда дека си ги презел |
| Codelists | кодните листи што ги користат полињата во документот |
Секој повик носи две заглавија — X-Api-Key и X-Software-Id. Како се бара клуч
стои во Автентикација; границите и правилата се на
Ограничувања и правила; секоја шифра што ќе ја видиш во одговор има
свој ред во Каталог на грешки.
- OpenAPI version: 3.0.1