Излезни документи
Оваа страница ги опишува статусите на излезниот документ — оној што ти го праќаш. Тој минува
низ седум статуси. Табелата и дијаграмот подолу се ист податок прикажан двапати — обете се читаат
од statuses.json, па не можат да се разидат.
Колоната Последен статус? кажува дали документот застанува таму засекогаш. „Да" значи дека од тој статус нема каде понатаму — документот повеќе не се менува и нема што да се чека. „Не" значи дека документот сè уште може да се помести, сам или по твое дејство, дури и кога стои во него со денови.
| Шифра | Име | Што значи | Последен статус? |
|---|---|---|---|
210 | Примен | Документот стигна кај нас и е заведен. Одговорот на POST не чека обработка — веднаш враќа дека документот е примен, а обработката почнува потоа. | не |
220 | Во обработка | Документот е кај нас и обработката тече — проверка, потпишување, подготовка за испорака. | не |
225 | Проверен, без поднесување | УЈП пораката е составена и помина сè што умееме да провериме, но документот НЕ е поднесен кон УЈП и нема да биде. Тоа е крајот на пробата на sandbox серверот: обработката е завршена, не е во тек, па нема да следи нова промена. Составената порака се презема со GET outbound/{docUid}/file?format=ujp-json. Ова не е неуспех и не носи failureCode — документ што паднал на проверката добива 250 со EARH-4001. | не |
230 | Испратен | Документот е поднесен и е кај примачот или кај УЈП. Од тука натаму исходот го одредува другата страна, па сторнирање преку API повеќе не е можно — таквиот повик враќа EARH-3003. | не |
240 | Испорачан | Документот е испорачан и прифатен кај примачот. Сторнирање преку API веќе не е можно — документот е кај другата страна и таквиот повик враќа EARH-3003. | не |
250 | Неуспешен | Обработката или испораката заврши неуспешно и застанува тука — сама од себе нема да продолжи. Точната причина е во failureCode, шифра од групата EARH-4xxx. Не е завршен статус: сторнирањето е дозволено и оттука, зашто документот никогаш не заминал кај примачот. | не |
260 | Сторниран | Документот е сторниран на твое барање. Сторнирањето не брише — документот и понатаму се враќа по својот docUid, а преминот стои во историјата со своето време. Нов cancel враќа EARH-3004. | да |
270 | Архивиран | Документот е сместен во архивата и неговиот животен циклус е завршен. Сторнирање повеќе не е можно — таквиот повик враќа EARH-3003. | да |