Оди на содржината

Каталог на грешки

Сите шифри што API-то ги враќа се на оваа страница — нема втор список на друго место. Најбрзо се стигнува со Ctrl+F по шифрата или по текстот што го гледаш во својот лог.

EARH-1xxx — кај интеграторот — клучот или адресата

Шифра HTTP Што значи Што да направиш Текст од API-то

EARH-1001

401 Барањето стигна без API клуч, или со клуч што не постои кај нас. Најчесто заглавието Authorization недостасува, или клучот е препишан со празно место или скратен при копирање. Провери го клучот што го праќаш знак по знак и прати го одново. Ако клучот е точно тој што ти е издаден, обрати ни се — можеби е издаден за друга околина (демо наспрема продукција). API key is missing or unknown.

EARH-1002

401 Клучот постои, но рокот му е поминат. Клучевите се издаваат со рок и по него престануваат да важат сами по себе. Побарај нов клуч и замени го во својата поставка. Барањата не се губат — штом клучот е нов, истите барања поминуваат непроменети. API key has expired.

EARH-1003

401 Клучот е повлечен пред истекот на рокот — вообичаено затоа што е заменет со нов, или затоа што е пријавен како компромитиран. Не го обидувај истиот клуч одново, тој нема да оживее. Обрати ни се за нов клуч и провери дали некој од твојот тим веќе го добил заменскиот. API key has been revoked.

EARH-1004

403 Клучот е исправен, но барањето доаѓа од адреса што не е на дозволената листа за тој клуч. Прати ни ја адресата од која навистина излегуваат твоите барања за да ја додадеме. Внимавај ако сообраќајот излегува преку посредник или облак — адресата што ја гледаме ние е неговата, не твојата. Request origin is not on the allowed list.

EARH-1005

403 Клучот важи, но не е издаден за интеграцискиот API. Опфатот е дел од самиот клуч и не се менува од твоја страна. Обрати ни се да ти издадеме клуч со опфат IntegrationApi. Не го обидувај истиот клуч на друга адреса — исходот ќе биде ист. API key does not have the IntegrationApi scope.

EARH-1006

429 Достигната е границата на сообраќај за твојот клуч во тековниот прозорец. Ова не е грешка во барањето — самото барање е исправно. Почекај колку што кажува заглавието Retry-After во одговорот и прати го истото барање одново. Ако редовно ја допираш границата, разреди ги повиците или обрати ни се да ја погледнеме. Rate limit exceeded.

EARH-1007

400 Во телото на барањето стои поле што именува tenant. Кој tenant е во прашање се одредува од клучот, па такво поле не смее да доаѓа однадвор. Отстрани го тоа поле од телото и прати одново. Ако твојата библиотека го додава сама, исклучи го тоа однесување — клучот веќе го носи податокот. Request body must not contain a tenant-identifying field.

EARH-1008

400 Заглавието X-Software-Id недостасува. По него распознаваме кој софтвер праќа, што ни треба кога бараме грешка заедно со тебе. Додај го заглавието со ознаката на твојот софтвер во секое барање и прати одново. X-Software-Id header is missing.

EARH-1009

404 Адресата не постои во верзијата кон која праќаш. Најчесто патеката е погрешно напишана, или е од постара односно понова верзија од онаа во адресата. Спореди ја патеката со списокот на адреси во ова упатство, вклучувајќи го и делот со верзијата. Ако адресата ја има само во понова верзија, премини на неа свесно — не менувај само еден повик. This endpoint does not exist in this version.

EARH-1010

403 Клучот е исправен, но планот на организацијата не носи интеграциски пристап. Тоа не е привремена состојба и не зависи од сообраќајот — секој повик со овој клуч ќе добие ист одговор додека планот не се смени. Оваа состојба не се решава од твоја страна. Кажи ѝ на организацијата чиј е клучот дека нејзиниот план не вклучува интеграција; таа ја менува претплатата. ⛔ Не повторувај го барањето во јамка — одговорот намерно нема Retry-After, зашто чекањето не менува ништо. The subscription plan for this organization does not include integration access.

EARH-1011

403 Планот на организацијата го носи интеграцискиот пристап, но овој клуч е изгаснат од сопственикот — неговата граница на сообраќај е поставена на нула. Другите клучеви на истата организација можат да работат нормално. Обрати се на сопственикот на клучот во организацијата да ја врати границата на сообраќај или да ти издаде друг клуч. ⛔ Ова не е иста состојба со EARH-1010: таму планот е проблемот, тука клучот. Одговорот нема Retry-After — чекањето не менува ништо. This API key is currently disabled for integration traffic.

EARH-2xxx — кај интеграторот — содржината на пратениот документ

Шифра HTTP Што значи Што да направиш Текст од API-то

EARH-2001

400 Телото воопшто не може да се прочита како XML — незатворена ознака, вишок знак, или пресечена содржина при праќање. Провери го документот со XML читач пред праќање и прати го одново. Провери и дека телото не се крати при пренос (должина, кодирање, компресија). Request body is not well-formed XML.

EARH-2002

400 Телото е валиден XML, но не е UBL 2.1 документ — коренот или именските простори не се тие што ги очекуваме. Изнеси го документот во UBL 2.1 од твојот софтвер и прати го одново. Друг облик на е-фактура не се прифаќа на оваа адреса. Document is not UBL 2.1.

EARH-2003

400 Во документот нема податок за примач. Без него не знаеме кому оди фактурата. Пополни го делот за примач во документот и прати го одново. Ознаката за идемпотентност може да остане иста — содржината се менува, па новото барање нема да се смета за дупликат. Document has no recipient.

EARH-2004

400 ЕДБ-то на примачот во документот не е во облик што го препознаваме — најчесто има празни места, цртички, или помалку цифри отколку што ЕДБ носи. Поправи го ЕДБ-то во документот и прати го одново. Ознаката за идемпотентност може да остане иста — содржината се менува, па новото барање нема да се смета за дупликат. Recipient tax number (EDB) is malformed.

EARH-2005

400 Документот не кажува каков е — фактура, одобрение или задолжение. Тој податок ја одредува понатамошната обработка. Внеси го типот на документот според UBL 2.1 и прати го одново. Document has no type.

EARH-2006

400 Во документот недостасува износот за плаќање. Документ без износ не може да се поднесе понатаму. Провери ги износите во документот — вкупниот износ мора да постои — и прати го одново. Document has no amount.

EARH-2007

400 Во документот е впишан ЕДБ на издавач (cac:AccountingSupplierParty) што не е организацијата на која припаѓа клучот. Еден клуч праќа документи само за своја организација. Провери го ЕДБ-то на продавачот во документот, или употреби клучот на таа организација. Ако полето воопшто го изоставиш, документот се прима — испраќачот се разрешува од клучот. Обликот со и без префикс MK се смета за ист обврзник. The issuer is not the organization this key belongs to.

EARH-2010

409 Истата ознака за идемпотентност веќе е употребена, но со друга содржина. Тоа значи дека или е испратен нов документ со стара ознака, или документот е изменет по првото праќање. Ако праќаш нов документ, дај му нова ознака за идемпотентност. Ако праќаш повторно ист документ, прати ја непроменета неговата содржина — тогаш одговорот е истиот како првиот пат. This idempotency key was already used with different content.

EARH-2011

400 Во едно барање има повеќе од еден документ. Оваа адреса прима точно еден документ по повик. Раздели ги документите и прати го секој со свој повик и своја ознака за идемпотентност. Request contains more than one document.

EARH-2012

413 Документот е поголем од дозволената големина. Дозволената граница е напишана во самиот одговор. Намали го документот под таа граница — најчесто вишокот доаѓа од вградени прилози или слики — и прати го одново. Document exceeds the configured size limit.

EARH-2013

400 Заглавието X-Idempotency-Key недостасува. Без него не можеме да разликуваме повторено барање од нов документ. Додај ознака за идемпотентност — иста за повторен обид со ист документ, нова за секој нов документ — и прати одново. X-Idempotency-Key header is missing.

EARH-2020

400 Параметар во барањето не може да се прочита: недостасува задолжителен, датумот не е датум, или вредноста е надвор од дозволените. Полето detail го именува параметарот, а кај статусите ги набројува и дозволените вредности. Поправи го параметарот што detail го именува и повикај одново. Повторување без измена ќе го врати истиот одговор. A parameter cannot be read as submitted.

EARH-2021

400 Бараниот вид кодна листа не постои. Одговорот ги набројува видовите што ги поддржуваме. Земи еден од видовите наведени во одговорот и повикај одново. Unknown codelist type.

EARH-2022

400 Телото на одлуката не е употребливо. Одбивањето бара и код на причина и коментар; прифаќањето не носи ниту едно од двете. Причината мора да е активна во кодната листа reject-reasons во моментот на повикот. Прочитај во detail што фали и прати ја одлуката одново. Активните причини се на GET codelists/reject-reasons — кодната листа се менува, па не ја зафиксирај во својот код. Decision cannot be read as submitted.

EARH-2030

400 Телото на повикот кон sandbox/inbound не е употребливо — недостасува задолжително поле, или pdfBase64 не е исправен base64. Единственото задолжително поле е documentNumber; сето друго има стандардна вредност. Прочитај во detail што фали и прати го барањето одново. Оваа шифра постои само на sandbox серверот — таму каде постои и самата адреса. The request body is not usable.

EARH-3xxx — кај интеграторот — идентификаторот или состојбата

Шифра HTTP Што значи Што да направиш Текст од API-то

EARH-3001

404 Со тој идентификатор нема документ кај твојот tenant. Или идентификаторот е погрешен, или документот припаѓа на друг tenant. Провери го идентификаторот од одговорот при праќањето. Не барај го документот по друг податок — тука се работи само по идентификаторот што сме го вратиле. Document not found.

EARH-3002

404 Документот постои, но не и во бараниот формат. Некои формати настануваат дури по одреден чекор од обработката. Провери во кој статус е документот и побарај формат што постои за него. Ако форматот се очекува подоцна, почекај го статусот по кој настанува и повикај одново. This format does not exist for the document.

EARH-3003

409 Документот е во состојба од која сторнирањето не е дозволено — обработката отишла подалеку од точката до која може да се повлече. Провери го статусот на документот. Ако сторнирањето е сепак потребно, тоа се решава по деловен пат со примачот, не преку овој повик. Current status does not allow cancellation.

EARH-3004

409 Документот е веќе сторниран — најчесто затоа што истиот повик е испратен двапати. Ништо не треба да се прави. Состојбата е таа што си ја сакал; третирај го овој одговор како потврда, не како неуспех. Document is already cancelled.

EARH-3005

400 Бараната големина на страница е поголема од дозволената. Дозволената највисока вредност е напишана во одговорот. Намали ја големината на страница под таа вредност и повикај одново, па земи ги останатите записи со следните страници. Requested page size exceeds the allowed maximum.

EARH-3006

409 Состојбата на документот не дозволува одлука: рокот истекол и УЈП го прифатил документот сам, одлуката е веќе потврдена, или во моментот се пријавува. Полето detail кажува кој од трите случаи е. Повторувањето нема да помогне — состојбата се сменила. Прочитај го документот и види што стои таму. Ако рокот истекол, прифаќањето е веќе направено без тебе; читај го decisionDeadline пред да одлучуваш, не по одбиениот повик. Current state does not allow a decision.

EARH-4xxx — ни кај едниот ни кај другиот — исходот на обработката

Шифра HTTP Што значи Што да направиш Текст од API-то

EARH-4001

— Документот не помина проверка пред поднесување. Оваа шифра не доаѓа како одбиено барање — праќањето поминало уредно, а шифрата се појавува подоцна кај самиот документ, во полето failureCode. Прочитај го придружниот опис кај документот, поправи го тоа што е пријавено и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The document failed pre-submission validation.

EARH-4002

— УЈП го одби документот. Оваа шифра не доаѓа како одбиено барање — се појавува подоцна кај самиот документ, во полето failureCode, а шифрата на УЈП стои во блокот ujp. Прочитај ја шифрата и описот од блокот ujp — таму е вистинската причина. Поправи го документот според неа и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The document was rejected by UJP. See the ujp block for their code.

EARH-4003

— Примачот го одби документот. Оваа шифра не доаѓа како одбиено барање — се појавува подоцна кај самиот документ, во полето failureCode. Причината е кај примачот, не кај техниката. Разјасни ја со него и, ако е потребно, прати исправен документ со нова ознака за идемпотентност. The recipient rejected the document.

EARH-4004

— Обработката застанала на технички неуспех — не на проверка на содржината. Оваа шифра не доаѓа како одбиено барање; се појавува подоцна кај самиот документ, во полето failureCode. ⛔ Не значи секогаш дека причината е на наша страна: ако чекорот што паднал е ConvertFormat, документот не можел да се конвертира и причината е во твоето тело — најчесто недостасува дел од структурата (на пример нема ниту една cac:InvoiceLine). ⚠️ Податоците за издавачот НЕ се такви: ЕДБ, ДДВ број и адреса на продавачот се пополнуваат од твојата организација, па нивното отсуство не е причина за оваа шифра. Не праќај го документот одново веднаш. Прво погледни кој чекор паднал — во полето failedStep, во екранот на документот или преку историјата: ако е ConvertFormat, поправи го телото (провери дали носи ставки, износи и трите задолжителни патеки од страницата Формати). Ако падот е во друг чекор, обрати ни се со идентификаторот на документот. A technical error occurred during processing or delivery.

EARH-4005

— Примачот не може да се разреши ниту да се заведе. ⛔ Од 13.09.2026 ова е редок исход: примач што не е заведен партнер се ЗАВЕДУВА од самиот документ — од името, ЕДБ-то и адресата што ги носи — па обработката продолжува. Шифрата останува за случај кога ни тоа не е можно: ЕДБ во неисправен облик што приемот го пропуштил, или партнер што е избришан во организацијата (избришан запис не се враќа во живот автоматски). Се појавува кај самиот документ, во полето failureCode, не како одбиено барање. Погледни го validationErrors — тој го носи EARH-5020 со конкретната причина. Провери го ЕДБ-то на примачот во телото; ако партнерот бил избришан во организацијата, врати го или заведи го одново (Партнери во веб делот), па прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The recipient could not be resolved.

EARH-4006

— Одлуката е запишана кај нас, но УЈП не ја прифати. Оваа шифра не доаѓа како одбиено барање — стои во успешниот одговор на POST decision, во полето failureCode. Најчестата причина е причина за одбивање што УЈП повеќе не ја признава. Повлечи ги активните од GET codelists/reject-reasons и прати исправена одлука — таа ја заменува претходната, додека рокот сè уште трае. The tax authority did not accept the decision.

EARH-5xxx — кај интеграторот — поединечно поле во УЈП пораката

Шифра HTTP Што значи Што да направиш Текст од API-то

EARH-5001

— Задолжително поле недостасува или е празно во составената УЈП порака. Погледни го path на записот за да го најдеш полето, пополни го во својот документ и прати нов со нова ознака за идемпотентност. A required field is missing or empty.

EARH-5002

— Вредноста на полето е подолга од должината што УЈП ја дозволува. Скрати ја вредноста на полето што го именува path и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The value is longer than allowed.

EARH-5003

— Вредноста на полето е пократка од најмалата дозволена должина. Дополни ја вредноста на полето што го именува path и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The value is shorter than required.

EARH-5004

— Вредноста не одговара на бараниот формат — најчесто датум, ЕДБ или шифра со пропишан облик. Провери го обликот на полето што го именува path и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The value does not match the required format.

EARH-5005

— Низата што ја именува path е празна, а мора да носи барем една ставка — типично ставките на фактурата. Додај барем една ставка и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The list must carry at least one item.

EARH-5006

— Пораката што ја составуваме за УЈП не е исправен JSON. Тоа е грешка кај нас, не во документот што си го пратил. Повторувањето нема да помогне. Извести нѐ, со docUid на документот и со времето — по нив го наоѓаме точниот случај. The composed UJP message is not valid JSON. This is a fault on our side, not in your request.

EARH-5007

— Полето е задолжително кога другата страна е странско лице, а во овој документ недостасува. Пополни го полето што го именува path и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The field is required when the party is foreign.

EARH-5008

— Полето е задолжително кога другата страна е домашно лице, а во овој документ недостасува. Пополни го полето што го именува path и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The field is required when the party is a resident.

EARH-5009

— Од група полиња барем едно мора да е пополнето, а во овој документ ниту едно не е. Пополни едно од полињата на групата што ја именува path и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. At least one field of the group must be filled in.

EARH-5010

— Полето е задолжително кога продавачот е ДДВ обврзник, а во овој документ недостасува. Пополни го полето што го именува path и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The field is required when the seller is registered for VAT.

EARH-5011

— Референцата кон поврзан документ е нецелосна — таа мора да ги носи сите четири свои полиња. Дополни ја референцата што ја именува path и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. A reference to a related document must carry all four of its fields.

EARH-5012

— Збировите на документот не се совпаѓаат во дозволеното отстапување при заокружување. Пресметај ги збировите одново и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The totals do not add up within the allowed rounding tolerance.

EARH-5020

— Примачот не е заведен партнер, и не можел да се заведе од документот. ⛔ Оваа шифра се појавува во validationErrors кај исход EARH-4005, не кај EARH-4001: не е правило од проверката пред поднесување, туку причината што ја запишува чекорот за разрешување на примачот. ⚠️ Од 13.09.2026 непознат примач се заведува автоматски, па шифрата останува само за ЕДБ што не поминува проверка на облик и за партнер што е избришан во организацијата. Провери го ЕДБ-то на примачот во телото. Ако партнерот бил избришан, врати го или заведи го одново во организацијата, и прати нов документ со нова ознака за идемпотентност. The recipient is not registered as a partner in this organization.

EARH-9xxx — кај нас

Шифра HTTP Што значи Што да направиш Текст од API-то

EARH-9000

500 Непредвидена грешка на наша страна. Барањето што си го пратил не е причината. Одговорот носи идентификатор на настанот (eventId). Обиди се одново по кратко време со истата ознака за идемпотентност. Ако се повтори, обрати ни се и наведи го eventId — по него го наоѓаме точниот настан. Unexpected error.

EARH-9001

409 Праќањето на документи преку API не е овозможено за овој tenant. Клучот и документот се исправни — недостасува одобрувањето на самата насока. Обрати ни се да ја овозможиме излезната насока за твојот tenant. Повторување на повикот нема да го промени исходот додека тоа не се направи. Outbound delivery via API is not enabled for this tenant.

EARH-9002

409 Одлуката не може да се предаде на УЈП поради состојба на НАШАТА страна — документот нема идентификатор кај УЈП, потписникот не е поставен, или адресата на УЈП не е разрешена. Тоа не е грешка во твоето барање. Повторувањето нема да помогне и нема што да смениш во повикот. Извести нѐ, со идентификаторот на документот и со времето на повикот. The decision cannot be reported to the tax authority.

EARH-9003

409 Документот постои и записот тврди дека содржината е зачувана, но неа ја нема — ниту локално ниту во облак. ⛔ Тоа НЕ е истото што EARH-3002: таа шифра значи дека документот не пристигнал во тој облик, што е уредна состојба. Оваа значи дека обликот постоел и содржината е загубена. Повторувањето нема да помогне и нема што да смениш во повикот. Извести нѐ, со идентификаторот на документот, бараниот формат и времето на повикот. Сите останати податоци за документот — статус, износи, историја — и понатаму се читаат нормално. The stored content of this document is not retrievable.