Статуси
Документот минува низ седум статуси. Табелата и дијаграмот подолу се ист податок прикажан
двапати — обете се читаат од statuses.json, па не можат да се разидат.
Колоната Последен статус? кажува дали документот застанува таму засекогаш. „Да" значи дека од тој статус нема каде понатаму — документот повеќе не се менува и нема што да се чека. „Не" значи дека документот сè уште може да се помести, сам или по твое дејство, дури и кога стои во него со денови.
| Шифра | Име | Што значи | Последен статус? |
|---|---|---|---|
10 | Примен | Документот стигна кај нас и е заведен. Одговорот на POST не чека обработка — веднаш враќа дека документот е примен, а обработката почнува потоа. | не |
20 | Во обработка | Документот е кај нас и обработката тече — проверка, потпишување, подготовка за испорака. | не |
30 | Испратен | Документот е поднесен и е кај примачот или кај УЈП. Од тука натаму исходот го одредува другата страна, па сторнирање преку API повеќе не е можно — таквиот повик враќа EARH-3003. | не |
40 | Испорачан | Документот е испорачан и прифатен кај примачот. Сторнирање преку API веќе не е можно — документот е кај другата страна и таквиот повик враќа EARH-3003. | не |
50 | Неуспешен | Обработката или испораката заврши неуспешно и застанува тука — сама од себе нема да продолжи. Точната причина е во failureCode, шифра од групата EARH-4xxx. Не е завршен статус: сторнирањето е дозволено и оттука, зашто документот никогаш не заминал кај примачот. | не |
60 | Сторниран | Документот е сторниран на твое барање. Сторнирањето не брише — документот и понатаму се враќа по својот docUid, а преминот стои во историјата со своето време. Нов cancel враќа EARH-3004. | да |
70 | Архивиран | Документот е сместен во архивата и неговиот животен циклус е завршен. Сторнирање повеќе не е можно — таквиот повик враќа EARH-3003. | да |